Квазипатриотите го играат последниот чин

453
Dana Rohrabacher, www.politico.com
Print Friendly, PDF & Email

Тврдам дека изјавата на Дана Рорабакер, американски републикански конгресмен, дека рокот на Република Македонија е одминат и дека земјата треба да ја поделат меѓу себе нејзините соседи, ја врти водата на руската воденица.

И тоа од многу едноставни и многу стари причини за Русија. Тие никогаш немаа интерес и никогаш не ја поддржуваа идејата за самостојна Република Македонија. Нивните интереси на Балканот, откако Бугарија и Романија се определија за ЕУ и НАТО, се само оние поврзани со нивните стратешки интереси за Србија и Грција.

Република Македонија, меѓу нив, е пречката во остварувањето на амбициите на актуелна Москва и на нивната подла и лицемерна политика кон нашата земја, која, од наша страна, со ништо не е предизвикана.

За жал, македонските политички елити, особено ДПМНЕ во последните десет години, многу активно учествуваа и ги играа бесчесните игри за одалечување на нашата држава од нејзините стратешки интереси – НАТО и ЕУ.

Се покажа дека единствениот нивни мотив и грабежот, а не националните интереси.

Така, играјќи бесчесно, ја доведоа земјата до последниот чин. Дали ќе падне завесата со овој, или ќе влеземе во нов чин, зависи само од нас. Ако не покажеме државотворност, национална зрелост и политичка неодлучност во однос на неодговорните политички квазипатриоти, нашата улога во светската претстава на народите навистина ќе биде исправена пред сериозен предизвик.

P.S. Инаку, тоа дека овој конгресмен му бил омилениот американски квислинг на Путин, го дознав сосема случајно. Додека се обидував да дознаам нешто повеќе за оваа клонирана матрјошка на интернет, открив дека тој бил главниот лобист на Москва за симнување на имињата на луѓето Русија кои на било кој начин се инволвирани во убиството на адвокатот Магинцки, еден од најголемите политички опоненти на Путин од црната листа што ја објави Вашингтон.

Дали сега барем малку ви се појасни мотивите на оваа фигура?