Центар за управување со промени: Граѓанинот на прво место!

11
Print Friendly, PDF & Email

Овој текст и податоците пласирани во него се преземени од истражувањата на Центарот за управување со промени (ЦУП)

Учеството на граѓаните во креирањето на локалните политики и можноста да влијаат во обликување и подобрување на одлуките кои имаат директно влијание на квалитетот на живеење во локалната заедница, се клучни предуслови за демократско управување на локално ниво. За да можат да учествуваат со свои иницијативи и предлози, граѓаните треба да можат слободно да пристапат до податоци и информации и да ги споделат со други граѓани.

Теренското истражување, спроведено на примерок од 1.330 испитаници во 8 поголеми урбани општини, имаше за цел да ги мапира податоците и информациите што треба да ги објавуваат локалните власти, што ќе овозможи воедначен, предвидлив и ефикасен начин на користење на јавните податоци на локално ниво, согласно интересот и потребите на граѓаните и на деловната заедница.

Но, ги истражувавме и самите општински капацитети за пружање информации до граѓаните. Во ера во која иновациите и технолошкиот развој добиваат сѐ поголем замав, истражувањето во рамките на проектот „Граѓанинот на прво место“, чиј наслов симболично упатува и на стратегиските цели на проектот, има за цел да отвори суштинска дебата за потребата од афирмирање на е-управувањето и воведување на единствени стандарди за отворена локална власт и отворени податоци, како чекор кон подобрување на транспарентноста и отечетноста на институциите и поттикнување на иницијативата на граѓаните и граѓанските организации низ модерните технологии да дадат свој придонес во јавниот живот и животот во заедницата.

Имено, е-управуањето, дава можности за многу поодговорна власт и ги надминува бирократските бариери во пристапот до информации и податоци. Тоа говори дека веќе не е доволно властите и институциите да ги користат старите методи на комуникација. Тие имаат обврска да изнаоѓаат иновативни приоди, а податоците треба и мора да ги објавуваат на начин достапен и разбирлив за граѓаните.

Во рамките на своите надлежности, институциите од јавниот сектор собираат голем број податоци и инфорамции. Поаѓајќи од фактот дека работата на институциите се финансира од граѓаните, сите податоци (кои не се лични податоци, или пак класификувани информации), им припаѓаат на граѓаните и треба да се објават, односно да се „отворат“ во формат на отворени податоци.

Институциите од јавниот сектор, во рамките на своите надлежности собираат голем број на податоци и инфорамции. Поаѓајќи од фактот дека работата на институциите се финансира од граѓаните, сите податоци (кои не се лични податоци, или пак класифицирани информации), им припаѓаат на граѓаните и треба да се објават, односно да се „отворат“ во формат на отворени податоци.

Покрај употребната вредноста на отворените податоци во промовирање на транспарентноста и отчетноста, објавените податоци имаат и свој економски потенцијал. Со податоците што слободно се користат и во повеќе наврати за различни цели, заинтересираните граѓани, компании и организации развиваат нови, иновавитвни производи и услуги преку кои остваруваат профит. Начинот на кој локалните власти ја остваруваат комуникацијата со граѓаните и начинот на кој ги користат модерните технологии за да ја подобрат информираноста во однос на потребите и интересите на граѓаните за податоци и информации од определени области е главниот предмет кон кој беше насочено истражувањето.

Истражувањето прави обид да ги идентификува областите и, конкретно, прашањата за кои локалната власт, во рамките на своите надлежности, создава податоци, како и податоците и информациите за кои што постои интерес и изразена потреба од страна на граѓаните и бизнис заедницата.

Целите на истражувањето се насочени кон поттикнување на јавната свест за важноста од ослободување на што е можно поголем број податоци и информации со кои располага локалната власт и, воопшто, институциите во државата, како еден од основните предуслови за подобрување на транспарентноста и отченоста, но и услов за ослободување на економскиот потенцијал во земјата.

Законот некомплетен, практиката лоша

Истражувањето покажа дека, иако не постои формално детерминирана правна рамка која обезбедува стандарди за транспарентност на локално ниво, сепак во Уставот на РМ, Законот за локална самоуправа, Законот за слободен пристап до информации, како и во Законот за користење на податоците од јавниот сектор, се создадени нормативни услови за обезбедување на целосен (со точно дефинирани исклучоци) пристап до информации за работата на локалната власт, на различни начини, со цел да се обезбеди транспарентност и отчетност во работењето и да се поттикне партиципативноста на локално ниво.

Законот за локалната самоуправа е дециден во однос на должноста на општината на граѓаните да им овозможи пристап кон основните информации за услугите што им ги обезбедува, на начин и под услови уредени со статутот на општината. Исто така, инсистира на информирање на јавноста за работата на органите на општината (градоначалник и совет), на комисиите на советот и на јавните служби.

Генерално, во Статутите на општините нема конкретно дефинирано кои информации кога и каде точно ќе бидат објавени, што информирањето го прави непредвидливо. Исто така, веб страницата на општината не е посочена како место на кое задолжително ќе бидат објавувани сите информации, а не се одредени ни другите начини на објавување, како алтернатива за граѓаните кои од различни причини не се во можност да користат информатичка технологија.

Од одделни материјални закони, за единиците на локалната самоуправа произлегуваат обврски за водење на регистри и евиденции во различни области. На овој начин, единиците за локална самоуправа имаат обврска да обезбедуваат многу важни и корисни податоци што произлегуваат од нивните надлежности и работа. Тоа се информации што можат многу да послужат во креирањето на локалните политики во одредени области.

Анализата на Статутите на општините покажува дека оваа законска обврска (објавување на податоците од јавниот сектор во отворен, машински обработлив формат) воопшто не е разработена во највисокиот правен акт на општината. Исто така, пристап до отворени податоци или пак информација за пристап до нив нема на веб страниците на единиците на локалната самоуправа. Анализата на Статутите на општините покажува дека оваа законска обврска (објавување на податоците од јавниот сектор во отворен, машински обработлив формат) воопшто не е разработена во највисокиот правен акт на општината.

Исто така, пристап до отворени податоци или пак информација за пристап до нив нема на веб страниците на единиците на локалната самоуправа.

Делумна транспарентност, минимална отчетност

Урбаните општини и Градот Скопје (оние што се предмет на анализа) имаат технички издржани веб страници кои редовно се ажурираат, каде на различен начин се обидуваат да обезбедат јавност во работењето и комуникација со граѓаните. Сепак, начинот на нивно објавување е фрагментиран, што говори дека не постојат стандарди што ќе обезбедат единствен начин на објавување на одредени сетови на информации на веб страниците на сите општини.

Генерално, преку веб страниците, општините и Градот Скопје обезбедуваат делумна транспарентност, но минимална отчетност, со многу ограничени можности за двонасочна комуникација и без електронски алатки за консултација на граѓаните. Нема целосна прегледност на услугите што ги обезбедуваат општината, а објавените формулари не можат да се доставуваат по електронски пат, ниту пак да се следи статусот на предметот.

Кои податоци им се најпотребни на граѓаните?
Финансии

Од областа на финансии, најголем дел од испитаниците сметаат дека најмногу им се потребни, односно ги рангирале како многу важни и важни следните податоци:

1. Предлог – Буџет на ЕЛС

2. Усвоен Буџет на ЕЛС

3. Завршна сметка

4. Предлог и усвоен граѓански буџет

5. Извештај за реализација на јавните набавки.

Совет на општината

Во однос на работата на советот на општината, граѓаните сметаа дека најпотребни им се податоците за:

1. Статутот на општината

2. Дневен ред, записници и одлуки на Советот

3. Листа на усвоени плански документи

4. Информации за членовите на Советот.

Услуги

Голем дел од испитаниците сметаат дека им се многу важни податоците за сите услуги кои ги обезбедува локалната самоуправа, вклучувајќи листа на услуги, формулари/обрасци за аплицирање за услугите, како и детално упатство за обезбедување на услугите.

Локален економски развој

Во однос на областа на локален економски развој, со најважен приоритет испитаниците ги оцениле информациите за листа на трговски дејности од мал обем на територијата на општината, индустриски зони на територијата на општината и листа на угостителски дејности од мал обем.

Социјална заштита

Од областа на социјална заштита значајни се податоците за бројот на корисници на социјална помош; установи за социјална заштита на различни категории на граѓани; информации за посебни категории на социјални случаи – бездомници и питачи; средствата кои локалната самоуправа ги троши на социјална помош.

Образование

Резултатите од истражувањата покажуваат дека потребни се информации за бројот на основни и средни училишта во општината, бројот на слободни места во училиштата и условите за запишување; бројот на ученици по населени места; факултети во општината; ранг листи на училишта според нивната успешност на ниво на градот.

Животна средина

Најголема важност за граѓаните се информациите за загадувачките супстанци во општината, кои субјекти се загадувачи, стапката на производството на отпад, како и катастарот на животна средина. Тоа кореспондира со општиот проблем со степенот на загадување во Република Македонија и потребата граѓаните редовно и точно да се информирани за овие состојби.

Комунални дејности

Во областа на комунални дејности, испитаниците сметаат дека треба да има објавени податоци за депониите на територијата на општината, пазари на територијата на општината, како и превозници и моторни возила регистрирани за вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај.

Урбанизам

Согласно добиените резултати, за граѓаните најважни им се информациите во однос на предлог урбанистички планови на територија на општина (ГУП и ДУП-ови) и усвоени урбанистички планови на територија на општина. Покрај нив, за важни ги сметаат и податоците за годишни извештаи за одобренија за градба, како и за станбени згради и управители.

Спорт

93% од испитаниците сметаат дека податоците за спортските објекти на територијата на општината им се важни.

Детски градинки и домови за стари лица

Податоците за детски градинки на територијата на општина (јавни и приватни) им се најзначајни на испитаниците, по што следат податоците за јавните претпријатија основани од општината кои имаат пристап за лица со попреченост и домовите за стари лица.

 

ПРЕПОРАКИ

  • Заеднички пристап преку усовојување на стандарди за транспарентноста и отчетноста на локалната власт, ќе ја зголеми довербата на граѓаните во институциите; ќе ја засили ефективноста на локалните политики околу прашањата кои подеднакво се значајни и ги засегаат сите и ќе промовира демократските вредности каде примарниот постулат е дека „граѓанинот е на прво место“, а локалните власти имаат обврска да бидат проактивни во објавувањето на податоците и информациите.
  • Воедначеното, предвидливо и редовно информирање на граѓаните со обезбедување на информации и податоци од интерес на граѓаните, да се обезбеди со дефинирање на стандарди за транспарентност на локално ниво, кои што ќе произлезат од Законот за локална самоуправа, како подзаконски акт, за што е неопходно да се пристапи кон измена на Законот, или пак како документ (Кодекс/Протокол) што како обврска за сите општини ќе биде вградена во Статутите на општините. Подзаконскиот акт или Кодексот/Протоколот треба да содржи листа на информации/податоци (сетови на информации/податоци) кои што задолжително треба да бидат објавени на веб страницата на општината, како и начинот на нивно објавување (место, формат и динамика на објавување и ажурирање).
  • Во Статутите на општините да се осигури дека јавноста во работењето на општината и испораката на услугите ќе се обезбеди преку веб страницата на општината, а другите начини ќе се користат како алтернативна можност.
  • Заеднички пристап преку усовојување на стандарди за транспарентноста и отчетноста на локалната власт, ќе ја зголеми довербата на граѓаните во институциите; ќе ја засили ефективноста на локалните политики околу прашањата кои подеднакво се значајни и ги засегаат сите и ќе промовира демократските вредности каде примарниот постулат е дека „граѓанинот е на прво место“, а локалните власти имаат обврска да бидат проактивни во објавувањето на податоците и информациите.
  • Да се реорганизираат содржините на веб локациите за да се обезбеди лесна достапност за различните типови на корисници следејќи го како цел правилото на „3 клика“ кое наведува дека секоја информација на веб локацијата корисникот треба да ја најде со правење на максимум три кликнувања. Почетните веб страници треба да се поедностават со цел да се зголеми прегледноста и ефикасноста во пронаоѓање на информацијата која корисниците ја бараат. Веб страниците треба да бидат доработени за граѓаните со попреченост, за да им се овозможи непречен пристап.
  • Стандардизацијата на податочните сетови (во однос на форматот на податоци, структурата и семантиката на податоците) е важна за политиката за отворени податоци во единиците на локалната самоуправа, бидејќи на тој начин ќе се овозможи хармонизација на податочните сетови од различни општини. Доколку општините објавуваат отворени податоци со иста структура, по дефиниран формат, на корисниците ќе им биде многу поедноставно да ги комбинираат и користат податоците од сите општини.
  • Објавување во отворен формат на податоците кои што веќе ги создаваат општините согласно релевантната законска рамка, особено податоците кои што се важни за обезбедување на отчетност во работењето. Во зависност од можностите, корисно е да се обезбеди визуелизација на отворените податоци (пити, графикони) со цел да се обезбеди лесен и брз начин на примање на информацијата, како и нејзина споредливост.
  • Приоритет да биде ставен на објавување на што повеќе информации и податочни сетови кои се од интерес за граѓаните/граѓанскиот сектор и бизнис заедницата кои би имале корист од тие податоци.

[1] Овој текст и податоците пласирани во него се преземени од истражувањата на Центарот за управување со промени (ЦУП), чии раководител е Неда Малеска Сачмароска