banner-sidebar

Ф

орум – ЦСИД е една од водечките македонски граѓански организации којашто е посветена на истражување на стратегиските и иновативни аспекти и политички решенија на актуелните национални, регионални и европски прашања. Од 1997 г., Центарот има значајна улога во зајакнување на улогата на цивилниот сектор и зголемување на неговото влијание во формирањето на националните политики и креирањето на политики насочени кон постигнување на неопходните стандарди за Евро-атланската интеграција на земјава. Освен тоа, Центарот нуди поддршка на заедниците, олеснувајќи ги реформите во различни области на јавните служби.

Со десеттина вработени и повеќе постојани надворешни соработници, Форум-ЦСИД успева да има значајно влијание како катализатор во некои од клучните политички државни и регионални процеси, доведувајќи ги на едно место и користејќи ги вештините на широка мрежа на експерти-специјалисти во креирање на политики, не/владини преставници, регионални и меѓународни политичари, новинари и академски претставници. Центарот има амбиција да ги предвиди и толкува идните случувања за да може да влијае во креирањето на современите геополитички, политички, економски, безбедносни и социјални прашања, како и применетите политики.

Форум – ЦСИД има широко влијание, затоа што е независна и непристрасна организација, чиј став е секогаш критичен, без разлика на моментната политичка структура. Центарот е непрофитна организација, којашто во целост се потпира врз грантови и донации од билатерални и мултилатерални донатори, фондации, компании и други организации, што ги препознаваат резултатите од она што го прави Форум-ЦСИД.

Секогаш имајќи ја предвид регионалната димензија како поле на дејствување, Форум-ЦСИД непрекинато работи на поврзување со други тинк-тенк организации и институции од регионот и пошироко.